Работниците на Фукушима ја тужат компанијата Тепко

Од:

Работниците кои работат на отстранување на контаминираниот отпад и ја чуваат хаварисаната јапонска нуклеарна електрана Фукушима ја тужат компанијата Тепко бидејќи оценуваат оти не се доволно платени и не се задоволни од условите за работа.

Тие бараат да им бидат платени уште 65 милиони јени (620.000 долари).

Тоа е прва тужба на работниците од Фукушима против Тепко поради пари и условита за работа.

Досега тужби поднесоа двајца сегашни и двајца поранешни работници на Фукушима на возраст од 30 до 60 години.

Реакторите во Фукушима се истопија по разорниот земјотрес и цунамито поради кои во март 2011 година престана да работи работниот систем за ладење на реакторите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија