Рабинот од Барселона: Европа е изгубена, Евреите да заминат во Израел

Од:

Главниот рабин во Барселона, Мир Бар-Хен апелира на Евреите да се преселат во Израел бидејќи „Европа е изгубена поради радикалниот ислам“.

Тој ја охрабрува својата заедница да ја напушти Шпанија, која ја нарече „седиште на тероризмот во цела Европа“.

Неговата изјава доаѓа по терористичкиот напад во Барселона, во кој загинаа 13 лица, а повеќе од 120 се повредени. Неколку часа подоцна се случи напад и во Камбрилс. Џихадистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за двата напада.

– Евреите не се тука трајно. Јас им велам да не мислат дека сме тука засекогаш. Ги охрабрувам да купуваат имоти во Израел. Ова место е изгубено. Не ја повторувајте грешката на алжирските Евреи или венецуелските. Подобро одете сега, отколку да биде доцна, истакна рабинот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Раселените Палестинци масовно се враќаат во домовите на северот на Газа