Раб: Забраната на Светскиот сервис на Би-Би-Си само ќе и наштети на репутацијата на Кина

Од:

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб ја осуди одлуката на кинеските власти за забрана за емитување на програма на британската телевизија Би-Би-Си Ворлд њуз (BBC World News).

– Кина е помеѓу земјите со најстроги рестрикции во светот за слобода на медиумите и интернетот и оваа најнова мерка само ќе наштети на репутацијата на Кина во очите на светот, напиша Раб вчера на Твитер.

Портпаролката на Би-Би-Си изјави дека се разочарани од одлуката на кинеските власти.

– Би-Би-Си е меѓународен информативен канал, најсигурен во светот. Покриваме теми од цел свет на фер и непристрасен начин и без страв или фаворизирање, истакна Портпаролката на Би-Би-Си.

Кинеската национална администрација за радио и телевизија (НРТА) вчера забрани емитување на светскиот сервис на Би-Би-Си со образложени дека телевизијата „сериозно“ ги прекршила прописите во земјата.

Во соопштението на НРТА се истакнува дека светскиот сервис на Би-Би-Си го прекршила принципот за веродостојни и точни информации и оти и наштетува на националните интереси на Кина.

Забраната за Би-Би-Си најверојатно е реципрочна мерка по укинувањето на дозволата за емитување на кинеската сателитскла телевизија на англиски јазик ЦГТН во Велика Британија. Британскиот регулатор ја укина дозволата за кинеската телевизија на 4 февруари со образложение дека телевизијата е поврзана со владејачката Комунистичка партија на Кина.

Тогаш Пекинг наведе дека дозволата е одземена од политички причини и оти Кина има право да одговори за да ги заштити правата и интересите на кинеските медиуми.

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна