Путин за средбата со Трамп: САД искрено се обидуваат да ја решат кризата во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Соединетите Американски Држави вложуваат „искрени напори“ за наоѓање решение за војната во Украина и посочи дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје што би можел да го зајакне мирот, пренесува Тасс.

Рускиот лидер често го нарекува нападот врз Украина и постојаното бомбардирање на цивилните центри „криза“ или „специјална воена операција“.

Според Путин, договорите за Украина треба да создадат долгорочни услови за мир меѓу двете земји и во Европа.

„И во светот како целина – ако постигнеме договори во областа на контролата на нуклеарното оружје до следните фази“, рече рускиот лидер, според Тасс.

Порано оваа година, Трамп изјави дека сака да ги обнови разговорите за контрола на нуклеарното оружје со Русија и Кина.

Во тоа време, тој изрази надеж дека сите три земји би можеле да се согласат за преполовување на нивните големи буџети за одбрана.

Трамп вчера им рече на новинарите дека би можел да посредува на втор состанок на кој би учествувале Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, ако утрешниот состанок во Алјаска помине добро.

Но, Русија не даде никакви индикации дека е подготвена да направи отстапки, додека во Украина постои загриженост дека Трамп би можел да постигне договор без нивно учество.

Претседателите на САД, Доналд Трамп и на Русија, Владимир Путин, ќе се сретнат утре во воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ, Алјаска, во еден-на-еден формат, со присуство само на преведувач.

Средбата започнува во 21:30 часот по наше време.

Главна тема на разговорите ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и економската соработка. По оваа средба ќе следи работен појадок со делегациите и заедничка прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Масовен руски напад врз Украина, Полска ја активираше својата авијација

Зеленски предупредува: Москва се вооружува и подготвува масовна мобилизација

Има загинати во украинскиот напад врз Ростов, погодени се и нафтени постројки

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

ВИДЕО: Трамп заспа на погреб, Белата куќа го правда дека размислувал за губењето драг пријател

(ВИДЕО) Трамп се сретна со Зеленски и Нетанјаху во Белата куќа: Украина добива лиценца за производство на ракети „Патриот“

Катерина Ѓуровски