Путин за европските лидери: Ќе застанете пред нозете на Трамп, ќе мрдате со опашката пред него

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп со својот карактер брзо ќе го врати редот, а европските елити ќе се стават пред нозете на својот господар и полека ќе мавтаат со опашката, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Европските елити повеќе го сакаа Џозеф Бајден, а Трамп има различни идеи за тоа што е добро, а што лошо“, му рече Путин на новинарот Павел Зарубин.

Како што додаде, во Европа активно се бореле против Трамп, мешајќи се во процесите во САД, а сега се во загуба.

„Сега има некаква мешаница меѓу европските политички елити и новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Дали нешто се промени од времето на Бајден?

„Ве уверувам, Трамп, со својот карактер, со својата упорност, ќе воведе ред таму многу брзо. И сите, ќе видите, ќе се случи брзо, наскоро, сите ќе застанат пред нозете на господарот и полека ќе мафтаат со нивните опашки се ќе си дојде на свое место“, изјави тој.

Рускиот лидер истакна дека денешното германско општество нема никаква врска со злосторствата на нацистите.

„Меѓу европските политичари нема рамен со Жак Ширак и Герхард Шредер, но ова сега се луѓе без образование кои се занимаваат со погрешни работи“, рече Путин.

„Политичките џуџиња во Европа се обидуваат да ги забранат партиите кои не се присутни во мејнстримот, наместо да понудат атрактивна програма“, рече Путин.

Путин, исто така, ја нарече срамна одлуката да не се покани Русија на настаните по повод годишнината од ослободувањето на Аушвиц.

„Многу е чудно да се поканат на таков настан луѓе кои го сметаат Степан Бандера за херој и кои аплаудираат на поранешните војници на СС. Европските лидери можеа да бидат посуптилни и да ги поканат ослободителите на логорот или нивните потомци“, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Маск започнa пресметка со невладините организации, прв на листата НЕД

А1он

САД воведоа високи царини за стоките од Канада, Мексико и Кина

А1он

Канада е подготвена да му возврати на Трамп

Околу 12 милиони долари би се изгубиле во земјава по одлуката на Трамп за замрзнување на програмите за помош во странство

Трамп: Воениот хеликоптер бил во исклучително лоша позиција

А1он

Мадона брутално му се нафрли на Трамп

А1он