Путин: Воведувањето зона на забранети летови над Украина би значело вклучување во конфликтот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека секоја земја што ќе се обиде да воведе зона на забранети летови над Украина, за Москва ќе биде земја што одлучила да влезе во конфликтот.

– Секое движење во оваа насока од нас ќе се смета за учество во вооружен конфликт на таа земја, рече рускиот лидер за време на состанокот со вработените во Аерофлот, јави АФП, пренесува НДТВ.

Тој додаде дека воведувањето зона на забранети летови ќе има „колосални и катастрофални последици не само за Европа, туку и за целиот свет“.

Путин, исто така, ги отфрли гласините дека Русија планира да прогласи воена состојба по воениот упад на неговата земја во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ