Путин: Во Украина се води граѓанска војна

Од:

Во Украина се води „вистинска граѓанска војна“, изјави рускиот претседател Владимир Путин два дена пред претседателските избори во Украина, каде што не запираат судирите меѓу редовната војска на проевропската влада и проруските сепаратисти во источните области.

На економскиот форум во Санкт Петербург Путин истакна дека кризата во Украина е резултат на одбивањето на поранешниот претседател Виктор Јанукович да потпише договор за асоцијација со ЕУ.

– Следеше државен преврат, поддржан од нашите американски пријатели, и на крајот настапи хаос и вистинска граѓанска војна, рече Путин.

Сегашните проблеми, поврзани со Украина и Крим, се предизвикани од отсуство на доверба во светот, додаде шефот на руската држава.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски