Путин: Верувам дека Русија и Европа еден ден ќе ги обноват односите

Од:

Во Европа има многу луѓе кои го делат ставот на Русија, но не сите зборуваат за тоа, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека се надева дека Русија еден ден ќе ги обнови односите со Европа, и покрај сегашните тензии предизвикани од војната во Украина.

Зборувајќи на форумот „Знаењето на прво место“ во Москва, Путин рече дека на Запад сè уште има луѓе кои ги делат руските вредности, вклучувајќи ги и оние кои се борат на руска страна во Украина.

„Ситуацијата е покомплицирана сега отколку што беше за време на Големата патриотска војна (Втората светска војна)… Но, не се сомневам дека порано или подоцна нашите односи со Европа ќе бидат обновени. Тоа е сигурно“, нагласи Путин.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

Велика Британија: Европа мора да се подготви за одбрана без САД

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Руте: Русија останува најзначајната и најдиректна закана за нашата безбедност