Путин: Украина ни е најбратска нација

Од:

Национален интерес на Русија е Украина да излезе од политичката и економска криза, бидејќи таа ни е најбратска од сите нации, рече рускиот претседател Владимир Путин.

Тој изрази надеж дека парламентарните избори во Украина, кои што се закажани за 26-ти октомври ќе овозможат враќање на стабилноста во државата, наведувајќи дека тоа исто така е од интерес на Русија.

Рускиот претседател истакна дека изборите ќе донесат стабилност во Украина доколку официјален Киев обезбеди потполни права на сите украински граѓани.

Како што наведе „Ројтерс“ овие права очигледно се однесуваат на проруски ориентираните граѓани на исток на Украина во Доњецката и Луганска област, кои најавија дека нема да учествуваат на изборите.

-Се надевам дека парламентарните избори во Украина ќе бидат праведни и дека во државата конечно ќе завладее политичка стабилност- рече Путин.

Инаку официјален Киев ја обвинува Москва дека се меша во внатрешните работи на Украина, со тоа што им дава поддршка на проруските сили на исток во државата.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци