Путин: Украина е одговорна за падот на авионот

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека украинските власти се одговорни за падот на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ над источна Украина.

Тој истакна дека несреќата не би се случила доколку Киев не ја започнеше офанзивата против проруските сили на исток на државата.

-Оваа трагедија немаше да се случи ако на ова подрачје владееше мир или барем воените операции да не беа во тек, рече Путин и додаде дека нема сомнеж дека владата на државата, над која се урна авионот е виновна за оваа страшна трагедија.

Тој истакна дека побарал од својата влада да направи се што е можно, за да помогне во истрага на инцидентот.

-Ќе направиме се што е можно за да се добие објективна слика за она што се случи. Оваа несреќа е потполно неприфатлива -изјави рускиот претседател.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите