Путин: Убиството на Немцов ги има сите знаци на нарачано

Од:

Руската полиција ја почна операцијата „Пресретнување“, за фаќање на убијците на рускиот опозициски политичар Борис Немцов, кој беше убиен синоќа со четири истрели во центарот на Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин бил веднаш информиран за атентатот на Немцов, изјавил прес-секретарот Дмитриј Песков.

„Путин истакна дека ова брутално убиство ги има сите знаци на нарачано убиство и е исклучително провокативно“, рекол Песков.

„Претседателот го изрази своето длабоко сочувство до семејството на трагично загинатиот Немцов“, додал тој.

Немцов беше руски заменик-премиер во времето на поранешниот претседател Борис Јелцин. Иако во последниве години повеќе беше вклучен во бизнис отколку во политика, Немцов му беше гласен противник на Путин, ја критикуваше владата и нејзините политики. Од 2012 година тој беше копретседател на пробизнис-партијата РПР-Парнас (Републиканска партија на Русија – Народна партија на слободата).

Атентатот врз Немцов се случи само еден ден пред почетокот на митингот на опозицијата „Весна“ („Пролет“), закажан за 1 март во Москва.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот