Рускиот претседател, Владимир Путин денеска изјави дека авионската трагедија во која настрадаа 298 лица во близина на руската граница, покажува дека е неопходно итно да се реши кризата во Украина.
-Падот на малезискиот авион во источна Украина мора да биде истражен детално и објективно-наведе тој во соопштението, откако му упати сочувство на холандскиот премиер Марк Рут, поради смртта на голем број Холанѓани во несреќата.
Тој уште еднаш повтори дека е неопходно итно, но мирно решавање на кризата во Украина.
Е. Г.