Путин: Спремни сме за разговори со Трамп за војната во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за безбедност изјави дека е отворен за разговори за решавање на војната во Украина со идниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Путин исто така, повтори дека целта на какви било преговори треба да биде траен мир, а не „одмор за прегрупирање на силите и повторно вооружување“.

Путин му честиташе на Трамп за неговиот реизбор пред неговата инаугурација.

Тој укажа и на желбата на Трамп да ги обнови билатералните контакти „кои администрацијата во заминување ги прекина без наша вина“.

Си-Ен-Ен претходно објави дека Трамп им наредил на своите соработници да договорат телефонски разговор со Путин во првите денови од неговата администрација.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе прогласи вонредна состојба

Орбан: Претседателството на Трамп ќе предизвика нов бран на десницата во Европа

Бајден ги помилува Фаучи, генерал Мили и членови на Претставничкиот дом за да ја спречи најавената одмазда на Трамп

Катерина Ѓуровски

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута

ВИДЕО: Радикални промени уште на првиот ден, кои се ветувањата на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето