Путин: Следната фаза во Сирија е целосен прекин на огнот

Од:

Следната етапа во нормализирањето на ситуацијата во Сирија, по ослободувањето на Алепо, е целосно запирање на огнот во целата земја, изјави рускиот претседател Владимир Путин по денешната средба со јапонскиот премиер Шинѕо Абе во Токио.

– Следната фаза е постигнување договор за целосен прекин на огнот на територијата на цела Сирија, додаде тој.

Како што јави ТАСС, рускиот лидер информира дека за време на последниот разговор преку телефон пред два дена со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган се согласиле да им предложат на страните во сирискиот конфликт, на Владата и на вооружената опозиција, нови мировни преговори на нов терен, кој на пример може да биде главниот град на Казахстан, Астана.

Доколку се согласат двете страни во конфликтот, двајцата лидери за тоа ќе побараат соодветна поддршка од казахтанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.

Путин истакна дека доколку мировниот процес продолжи во Астана „тоа нема да биде терен, кој ќе претставува конкуренција на Женева, туку ќе ги дополнува женевските преговори“.

– Палмира падна поради неусогласените дејствија на меѓународната коалиција, сириската армија и Русија. Повеќе пати сум кажал дека за да бидеме ефикасни во борбите со терористите, треба да ги обединиме напорите, нагласи Путин.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски