Путин: Ситуацијата во Босна и Херцеговина е сложена

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со Милорад Додик во Сочи, на маргините на Валдај форумот.

Путин на состанокот рече дека ситуацијата во Босна и Херцеговина е сложена.

„Со нетрпение го очекувам нашиот нов состанок, овој пат на маргините на Валдај форумот во Сочи. Неодамна го прославивте Денот на српското единство, на 15 септември. Би сакал да ви честитам. Знам дека ситуацијата во вашата земја воопшто не е едноставна, може да се каже, многу е сложена“, рече Путин.

Рускиот лидер истакна дека Додик вложува големи напори за градење односи со Русија и дека внимателно ги слушал проценките на Додик.

Додик рече дека е задоволен што имал можност да разговара за добри, стабилни, стратешки билатерални односи со Путин.

„Се согласувам со вас дека ситуацијата во нашата земја е сложена“, рече Додик.

Тој му се заблагодари на рускиот претседател за можноста да учествува на Валдај конференцијата.

„Драго ми е што го гледам напредокот на Русија. Имав можност да присуствувам и на Денот на победата, парадата остави извонреден впечаток“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Трамп итно му се јавил на Путин

Путин му порача на новиот ирански лидер: Вашата земја се соочува со вооружена агресија

(ВИДЕО) Путин се гуши, кашла, губи здив: Објавено е видео од рускиот претседател кое јавноста не требаше да го види

Лавров: Време е да се спроведе идејата на Путин за самит на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН

Путин: Итно да прекинат непријателствата меѓу Иран, САД и Израел

Путин: Со задоволство ќе ве снабдуваме со нафта и гас

Горан Наумовски