Путин: Ситуацијата на Сноуден останува нејасна

Од:

Поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден ќе ја напушти Русија, кога пред него ќе биде отворена таква можност, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека засега неговата ситуацијата останува нејасна.

Путин истакна дека САД во практика го блокирале Сноуден во Русија, поништувајќи го неговиот пасош. Во исто време, тој истакна дека Американецот е на пат да ја прекине политичката дејност насочена против САД – услов кој му го постави Русија, за да му даде барем времен азил, додека да се префрли во трета земја.

Три латиноамерикански држави – Венецуела, Боливија и Никарагва, му понудија политички азил на Сноуден, кој е обвинет во САД за издавање тајни разузнавачки програми.

На крајот на минатата седмица руски активисти за заштита на човековите права, со кој Сноуден се сретна, изјавија дека тој ќе побара времен азил во Русија, додека да успее да отпатува за Латинска Америка, но официјално барање до руските власти се уште не е пристигнато.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска