Путин: Сите земји треба да се обединат во борбата против корупцијата

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сите земји треба да се обединат во борбата против корупцијата. 

– Еден од најсериозните глобални проблеми, кој ги погодува сите земји е корупцијата.

Корупцијата ги дестабилизира националните економии, ги крши човековите права, ги поткопува принципите на правосудството, предизвикува тензии во општеството, рече Путин. 

Тој во поздравната порака до учесниците на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, која ја прочита Сергеј Иванов, шеф на кабинетот во Кремљ, додаде дека само со заедничи сили може да се спроведува борбата против оваа опасност, со која се соочуваат сите земји во светот.

– Русија е активно вклучена во меѓународниот дијалог за голем број прашања во борбата против корупцијата и е подготвена да го подели тоа искуство, нагласи Путин.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски