Путин: Ширењето на НАТО кон Украина е преминување на црвената линија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му соопштил на својот белоруски колега Александар Лукашенко дека проширувањето на НАТО кон Украина за Москва ќе значи дека е помината црвената линија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Претседателот Путин претходно кажа дека тоа е крајната црвена линија, рече Песков, пренесе Тасс.

Белорускиот претседател претходно посочи дека цел корпус странски војници се распоредени во Полска, на границата со Белорусија.

-Јасно е дека каде и да распоредите војници во Полска, тие нема да бидат насочени против Германија. Тоа се странски војници, пред се американски , објави белоруската новинска агенција Белта

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО