Путин: Се обидоа да ја уништат Русија, нема да успеат-никогаш

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји се обиделе да ја ослабат и уништат Русија, но дека тоа никогаш нема да им успее.

„Тие се обидоа да ја потиснат Русија, да ја ослабат. И на крајот да ја скршат. Нема да успее. Никогаш“, рече Путин на доделувањето на наградите по повод Денот на хероите на татковината.

Путин потсети на изјавите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, кои признаа дека немаат намера да ги спроведуваат договорите од Минск и дека ги користеле за да ја подготват Украина за конфликт, пренесува РИА Новости.

Путин оцени дека иднината на Русија зависи од учесниците во „специјалната операција“, како што официјална Москва ја нарекува војната во Украина.

Церемонијата на доделување на наградите се одржа во петокот во Кремљ, пред Денот на хероите на татковината, кој Русија го слави на 9 декември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поддршката на САД за Украина има цена, 500 милијарди долари во ретки метали

Катерина Ѓуровски

Русија и Украина ги кажаа условите за преговори откако Трамп објави дека зборувал со Путин

Катерина Ѓуровски

Кинескиот лидер ќе биде во Москва за прославата на 9. мај

Катерина Ѓуровски

Песков: Не потврдувам, ниту демантирам дека Путин разговарал со Трамп

Трамп разговараше со Путин за ставање крај на војната во Украина

Зеленски: Путин го зголемува бројот на војници и се подготвува да ја продолжи војната