Путин: Се обидоа да ја уништат Русија, нема да успеат-никогаш

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји се обиделе да ја ослабат и уништат Русија, но дека тоа никогаш нема да им успее.

„Тие се обидоа да ја потиснат Русија, да ја ослабат. И на крајот да ја скршат. Нема да успее. Никогаш“, рече Путин на доделувањето на наградите по повод Денот на хероите на татковината.

Путин потсети на изјавите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, кои признаа дека немаат намера да ги спроведуваат договорите од Минск и дека ги користеле за да ја подготват Украина за конфликт, пренесува РИА Новости.

Путин оцени дека иднината на Русија зависи од учесниците во „специјалната операција“, како што официјална Москва ја нарекува војната во Украина.

Церемонијата на доделување на наградите се одржа во петокот во Кремљ, пред Денот на хероите на татковината, кој Русија го слави на 9 декември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Трамп: Добро се согласувам со Путин

Баро: Путин сака да избегне мир