Путин: Санкциите што Западот ги воведе против Русија и Крим, иако создаваат бројни проблеми, отвораат и нови можности

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека санкциите што Западот ги воведе против Русија и Крим, иако создаваат бројни проблеми, отвораат и нови можности.

„Јасно е дека развојот на Крим е под влијание на санкциите кои го покриваат банкарскиот сектор, но и испораката на многу производи. Сепак, иако создаваат одредени тешкотии, тие отвораат и нови можности за сите нас“, рече Путин на состанокот за социо-економскиот развој на Крим и Севастопол .

Тој предложи и продолжување на рокот за реализација на државниот проект за прашањето за развојот на Крим и Севастопол до 2030 година и ја повика извршната власт да даде предлог за финансирање. Тој исто така рече дека руските големи компании, вклучително и банките, можат без грижи да почнат да работат на Крим, бидејќи нема причина да за стравување од новите западни санкции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради