Путин: САД ја критикуваат Русија заради Сирија, а одбиваат дијалог

Од:

Одлуката на официјален Вашингтон да ги попречи руските напори за дипломатско ангажирање во сирискиот проблем не е конструктивна и укажува на недостаток од волја за разговор, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Путин, на ваков начин, го искоментира тоа што администрацијата на американскиот претседател Барак Обама го отфрли предлогот да ја прими руската делегација на чело со премиерот Дмитриј Медведев на разговори за разликите кои САД и Русија ги имаат за прашањето на сириската криза, пренесе сајтот „Раша тудеј“.

-Верувам дека таквата позиција не е конструктивна. Слабоста на оваа позиција е во тоа што таа се темели на одсуство на план. Се чини дека тие немаат за што да разговараат, рече Путин во текот на средбата со претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, во Астана.

Путин во вторникот изјави дека Русија предложи во Москва да се оддржи состанок за Сирија на високо воено и политичко ниво, како и во Вашингтон да упати делегација на чие чело може да биде Медведев. Путин тогаш кажа дека од САД се уште нема одговор.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, вчера изјави дека САД одбиле да испратат висока воена делегација во Москва на разговари за посериозна координација на борбата во Сирија.

Лавров рече дека предлогот го изнел рускиот претседател Владимир Путин во текот на посетата на Њујорк, кон  крајот на септември.

Официјален  Вашингтон соошти дека нема да преговара доколку Русија не престане да ја поддржува Владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Би можело да ве интересира

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина