САД ги чека иста судбина како и поранешниот Советски Сојуз, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на т.н. „Директна линија“, традиционалното одговарање на прашања на руските граѓани, што дирекно се емитува на неколку телевизии и радија.
Тој нагласи дека Русија во ниту една земја не гледа противник, но бара да биде третирана како рамноправен партнер.
– Советскиот Сојуз по Втората светска војна со сила им го наметнуваше својот модел на земјите од Источна Европа и тоа не се заврши добро, Сега истото го прават САД, поради што ги чека иста судбина како и Советскиот Сојуз, рече Путин.
Говорејќи за нарасната закана од исламистичкиот тероризам, Путин истакна дека џихадиситчката група Исламска држава (ИД) дирекно не ја загорзува Русија, но дека руските служби ги следат Русите и граѓаните на другите земји на Заедницата на независни држави, кои им се придружуваат на џихадистите.
– Дирекна закана по Русија нема, но вознемирува тоа што во редовите на групата има руски државјани, рече Путин.
Тој посочи дека овие руски државјани се обучуваат на територите под контрола на ИД и дека постои опасност потоа да се вратат во Русија.
– Го следиме тоа и се подготвуваме. Не можам да кажам дека ги знаеме сите поименично, но приближно го знаеме нивниот број, каде војуваат и каде се обучуваат, рече Путин.
Одговарајќи на прашање околу француското одбивање да и ги испорача на Русија договорените бродови „Мистрал“, Путин рече дека Москва бара Франција да исплати отшета за неспроведување на договорот.
Тој нагласи дека неиспораката на бродовите нема да ги намали капацитетите на руската Морнарица, додавајќи дека со нарачката на двата носачи на хеликотери Русија само сакала да ги зацврсти врските со Франција.