Путин: Руската вакцина е сигурна како Калашников

Од:

Руските препарати против коронавирусот се најбезбедни денес, тие се едноставни и сигурни, а во странство се споредуваат со автоматската пушка калашников, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека решиле да ја поддржат американската вакцина „Модерна“ на светскиот пазар, но дека дури за 10 години ќе се знае колку биле корисни странските препарати.

Според него, сите руски препарати се познати, тие се базираат на технологии и платформи кои се применуваат со децении. Тие се исто така многу современи и денес се, без сомнение, најсигурни и најбезбедни.

„Што би рекол еден од европските експерти: тие се исто толку сигурни како автоматските пушки калашников. Ние не го кажавме тоа, туку еден од европските експерти и мислам дека е во право. Едноставен и сигурен како калашников“, рече тој на состанокот со потпретседателката на руската влада, Татјана Голикова, за состојбата во врска со пандемијата.

Путин додаде дека Русија денес е единствената земја што е подготвена да ја пренесе технологијата на производство на вакцини во други земји и тоа и го прави.

Водечкиот инфектолог на Медицинскиот факултет во Виена и претседател на Австриското друштво за инфективни болести и тропска медицина, Флоријан Талхамер, претходно изјави дека руската вакцина „спутник В“ покажала ефикасност и сигурност споредлива со карактеристиките на калашников.

„’Спутник В’ е како руска автоматска пушка, едноставна, сигурна и ефикасна. Охрабрувачките податоци беа објавени во многу влијателно медицинско списание, иако доста доцна, но без оглед на тоа. Кога се дава првата и втората доза, се користат различни вирусни вектори за да се зголеми ефикасноста“, рече австрискиот професор на почетокот на годината за „Кронен цајтунг“.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец