Путин: Руската индустрија за дронови наскоро би можела да вреди над 12 милијарди долари

Од:

Руската индустрија за беспилотни летала наскоро би можела да вреди повеќе од 12 милијарди американски долари, откако ќе се спроведе планот за зголемување на производството, изјави вчера рускиот претседател Владимир Путин.

Кон крајот на минатата година, Путин рече дека Русија мора да го зголеми своето производство на беспилотни летала (UAV) и да создаде инфраструктура за нивна широка воена и цивилна употреба.

Путин разговараше за сегашните бројки со раководителите од областа на производството на беспилотни летала и тие се согласија дека со активна работа на сите, вклучително и на државата, може да се достигне одредената сума.

Минатата година тој нареди да се создаде стратегија за развој на беспилотни летала до 2030. Според најавата на првиот вицепремиер Андреј Белоусов, тој план треба да биде готов до 1 јули, а според проценките Русија треба да може да произведува 18.000 дронови годишно до крајот на 2026 година.

Путин, кој ја даде изјавата по обиколката на индустрискиот парк во Москва специјално дизајниран за производство на беспилотни летала, тврди дека беспилотните летала може да се користат во речиси секој дел од економијата.

Иако Русија веќе произведува бројни беспилотни летала, тие не се многу напредни и Москва главно користи ирански дронови Шахед во својата агресија против Украина, потсетува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко