Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Од:

Русија сака Украина да стане пријателска, соседна држава, изјави претседателот Владимир Путин во интервју за „Россија 24“.

Според Путин, на власт во Украина треба да дојдат луѓе од доверба на народот.

„Од гледна точка на интересите за зајакнување на украинската државност, се разбира, неопходно е овде да се дејствува, очигледно, поенергично и во сосема поинаква насока. „Треба да донесеме на власт луѓе кои ќе ја уживаат довербата на народот на Украина“, нагласи тој.

Доколку се распишат претседателски избори во Украина, Володимир Зеленски нема шанси да биде реизбран, оцени рускиот претседател.

Според него, поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, украинскиот амбасадор во Лондон Валериј Залужни, има двојно поголем рејтинг од Зеленски.

„И ако на ова ја додадеме можната поддршка за овој потенцијален кандидат (Залужни) од други политички фигури, вклучително и поранешни премиери или поранешни претседатели, тогаш актуелниот шеф на режимот нема апсолутно никакви шанси да победи на изборите. Тие се еднакви на нула“, рече Путин.

Според него, Трамп ги повикува властите во Киев да одржат претседателски избори и на тој начин се обидува да ја подобри ситуацијата во Украина и да ја зачува украинската државност.

– Актуелниот американски претседател најави дека сака да постигне мир. Патем, ние го сакаме истото. Сегашниот шеф на режимот стои на патот за постигнување на оваа цел“, рече Путин.

Би можело да ве интересира

Соборени се 53 украински дронови, повредени се три лица

Русија и се одмазди на Канада преку кинескиот пазар

Мерц тврди дека Русија испраќа дронови над Германија

ВИДЕО: Украина го нападна Сочи веднаш по говорот на Путин

(ВИДЕО Масовно труење со алкохол во Русија, повеќе од 40 мртви

А1он

Песков: Нема „магично оружје“ за Киев што би ја променило ситуацијата на фронтот