Путин: Русија сака глобална соработка во борбата против тероризмот

Од:

Русија сака заеднички да се бори против тероризмот со остатокот од светот, изјави рускиот претседател Владимир Путин, а истовремено го обвини Западот за влошување на меѓународните кризи.

– Соочени сме со заеднички закани и ние сакаме сите земји, како во Европа, така и во целиот свет, да ги здружат напорите во борба против таквите закани и уште инсистираме на тоа, посочи Путин во интервјуто за германскиот весник „Билд“.

Путин додаде дека е потребна сортаботка не само во борбата против тероризмот, туку и во борбата против криминалот, трговијата со луѓе, заштита на животната средина и другите заеднички предизвици.

– Тоа сепак не значи дека треба да се согласиме на се што ќе одлучат другите за тоа или за другите прашања, наведе Путин.

Тој осврнувајќи се на мировниот договор за украинската криза наведе дека се уште не е реализирана клучната клаузула во новиот украински устав да биде воведена одредбата за автономија на сепаратистичките региони.

– Сите знаат дека договорот од Минск мора да се реализира и повторно да се разгледа прашањето за санкциите. Тоа почнува да не враќа во театарот на апсурдот, бидеќи реализацијата на договорот од Минск е во надлежност на актуелната власт во Киев, посочи рускиот претседател.

Тој додаде дека лидерите на Франција и на Германија, кои се дел од четворката за решавање на украинската криза, треба да се насочат кон уставните реформи во Украина.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари