Путин: Русија ќе стори се за прекин на конфликтот во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин, кој од вчера е во посета на полуостровот Крим, изјави дека Русија ќе стори се што е во нејзина моќ за прекин на конфликтот во Украина.

На средбата во Јалта со пратениците од Државната дума, Путин ја опиша ситуацијата во Украина како крвав хаос и братоубиствен конфликт.

Тој посочи дека секој ден ситуацијата во Украина станува се подраматична и предупреди дека во југоисточна Украина има „масовна хуманитарна катастрофа“.

Путин увери дека Русија внимателно следи што се случува во нејзините соседи.

– Ќе сториме се што зависи од нас, за да може конфликтот во Украина да прекине што е можно побрзо и да не се пролева повеќе крв, истакна Путин.

Тој посочи дека Русите треба да се мобилизират за доброто на својата земја, но нагласи дека тие немаат потреба од стапување во конфликти со надворешниот свет.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци