Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Од:

Русија ја престигна Германија и стана петта економија во светот и прва во Европа според бруто домашниот производ мерено според паритет на куповната моќ, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Русија стана прва во Европа по економски обем и покрај тоа што се гуши и притиска од сите страни. Ја престигнавме Германија и го зазедовме петтото место во светот: Кина, САД, Индија, Јапонија, Русија“, рече Путин, истакнувајќи дека тоа е „неверојатен резултат под надворешен притисок“.

Според податоците на ММФ, Русија забележа економски раст од 2,2 отсто во 2023 година, што ја става пред сите земји од Г7, како и пред поголемиот дел од Европската унија. Затоа закрепна од благиот пад од 2,1 отсто, кој под првичниот притисок на санкциите и почетокот на Специјалната воена операција беше забележан во 2022 година.

Според податоците на Светската банка, рускиот БДП прилагоден на паритетот на куповната моќ во 2023 година изнесувал 5,33 трилиони долари.

Прва во светот е Кина со БДП од 30,3 трилиони долари, додека на второ место се САД, чиј БДП е 25,4 трилиони. Следуваат Индија (11,8), Јапонија (5,7) и Русија.

Најголемата економија на ЕУ, Германија, со БДП од 5,31 трилиони долари, падна на шестото место, а остатокот од топ 10 листата го пополнија Индонезија, Бразил, Франција и Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА