Путин: Русија е подготвена да помогне во соработката меѓу Сеул и Пјонгјанг

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговоер со јужнокорејскиот колега Мун Џае-ин истакна дека Русија е подготвена да помогне во соработката меѓу Северна и Јужна Кореја, пред се за трилатералната инфраструктура и енергетските проекти на Корејскиот Полуостров.

– Потврдена е подготвеноста на Русија и понатаму да помага во воспоставувањето на соработка меѓу Северна и Јужна Кореја, се наведува во соопштението на Кремљ.

Мун го запознал Путин со деталите од разговорот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, што го имаше во петокот во Панмунџом. На средбата беше договорено Сеул и Пјонгјанг да работат на „целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“.

– Посебно внимание за време на телефонскиот разговор беше посветено на намерата да се обезбеди ненуклеарен стаус на Корејскиот Полуостров, ветен во Декларацијата од Панмунџом, преку целосна денуклеаризација, се истакнува во соопштението на Кремљ.

Исто така, Путин и Мун наведоа дека ќе ги координираат мерките за развој на меѓукорејската соработка, која треба да придонесе за напредување на регионот кон мир и стабилност.

Во соопштението се посочува дека телефонскиот разговор бил на иницијатива на Сеул.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он