Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД

Од:

Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД и другите западни земји, но не на сметка на руските интереси, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за новинарот на Серуската државна радио и телевизија (ВГРТК) Павло Зарубин.

– Се може да се направи ако има желба. Никогаш не сме ја изгубиле таа желба, рече Путин одговарајќи на прашање за можноста за воспоставување руско-американски односи, пренесува ТАСС.

Според него, сè се менува во меѓународните односи, а само интересите остануваат непроменети – во овој случај, „интересите на Русија и нејзиниот народ“.

– Ако видиме дека ситуацијата се менува на начин што дава можности и перспективи за градење односи со другите земји, подготвени сме на тоа, но не на штета на интересите на Руската Федерација, нагласи Путин.

На прашањето дали е во тек третата светска војна, Путин одговори дека луѓето не треба да се плашат, туку дека има многу опасности и дека тие се зголемуваат.

Според него, Русија требаше порано да се подготви за воени дејствија, да дејствува поодлучно и да го избере моментот за нивно започнување, наместо да чека.

Тој истакна дека западните лидери, откако се согласија со договорите од Минск, само се обидоа да им дадат време на вооружените сили на Украина да се подготват за конфликт, и соодветно на тоа, „претпоставија дека ќе има конфликт“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне украинската енергетска инфраструктура

Песков: Очекувањата за средбата Путин-Трамп се големи, но работите се покомпликувани

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он