Путин: Развојот на Сибир и Далечниот Исток се приоритет за Русија во 21 век

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека развојот на Далечниот Исток и Сибир е дефиниран како национален приоритет за Русија за 21 век, а најави и отворање нови мостови кон Северна Кореја, нагласувајќи дека стабилната макроекономска политика е основен предуслов за развој на руската економија.

„Развојот на Далечниот Исток и Сибир е назначен како национален приоритет за Русија за целиот 21 век. Ова беше дискутирано во обраќањето до Федералното собрание на крајот на 2013 година. После тоа, започна формирањето и ажурирањето на регулаторната рамка, а беа лансирани и бројни инструменти за поддршка на бизнисот, вклучувајќи ги териториите на забрзан развој и режимот на слободното пристаниште Владивосток“, рече Путин за време на пленарната сесија на Источниот економски форум (ВЕФ).

Путин, како што објави агенцијата РИА Новости, изјави и дека е планирана изградба на нови мостови кон Северна Кореја, од кои еден треба да биде отворен следната година.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Руте: Русија останува најзначајната и најдиректна закана за нашата безбедност