Путин разговараше со Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и за конфликтот во Појасот Газа.

„Владимир Путин имаше телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“, објави веб-страницата на Кремљ.

Путин и Нетанјаху разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и во контекст на предложениот план на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на проблемот во Газа.

Путин му го повтори на Нетанјаху цврстиот став на Русија во корист на сеопфатно решение за палестинското прашање врз основа на меѓународното право.

Дополнително, лидерите изразија интерес за наоѓање договорено решение за ситуацијата околу нуклеарната програма на Иран и стабилизирање на ситуацијата во Сирија.

Би можело да ве интересира

Трамп доби уверување од Путин дека Русија нема агресивни намери кон Европа

А1он

Трамп денеска ќе има телефонски разговор и со Путин, и со Зеленски

А1он

Путин: Русија се движи кон крајот на војната во Украина

А1он

Путин: Русија во моментов се бори за сегашноста и иднината

А1он

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна

Можна средба Путин – Трамп наскоро во Кина

А1он