Путин проговори: Извршија предавство, бунтот ќе биде задушен

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва првпат по вооружениот бунт им се обрати на граѓаните.

На почетокот на своето обраќање Путин рече дека ситуацијата покажува дека уцените и немирите се осудени на неуспех.

-Јавноста, партиите, верските организации, целото општество зазедоа цврст став за поддршка на уставниот поредок. Организаторите на бунтот, кои ја предадоа државата, ги предадоа оние што беа со нив. Бунтовниците сакаа војниците да се убиваат меѓу себе. Тие исто така го сакаа тој исход, властите во Киев“, рече Путин.

Шефот на државата додаде дека повеќето борци на групата Вагнер се патриоти кои биле користени од организаторите на бунтот.

-Одлуките донесени по мои директни наредби беа донесени со цел да се избегне крвопролевање, рече Путин и им се заблагодари на членовите на Вагнер кои во последен момент застанаа и не почнаа да пролеваат крв.

Претседателот на Русија истакна дека вооружениот бунт сигурно ќе биде задушен.

На крајот Путин му се заблагодари и на белорускиот претседател Александар Лукашенко кој посредуваше за смирување на ситуацијата

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп