Путин призна дека размислува за наследник

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека секогаш размислува за наследник на функцијата претседател, но дека конечниот избор треба да го направат Русите.

„Секогаш размислувам за ова. Но, на крајот на краиштата, изборот е на народот, на рускиот народ, на граѓаните, на гласачите“, рече Путин во документарецот „Русија. Кремљ. Путин. 25 години“ на телевизискиот канал „Россија 1“, одговарајќи на прашањето дали размислува за тоа кој ќе ја води земјата во иднина, објави Интерфакс.

Путин се согласи со изјавата дека постојано го разгледува и проценува потенцијалот на секој можен кандидат.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Руте: Русија останува најзначајната и најдиректна закана за нашата безбедност