(ВИДЕО) Путин предупреди никој да не се меша: „Одговорот на Русија ќе биде итен“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава во специјалното обраќање ги предупреди сите оние кои евентуално би можеле да се мешаат во ситуацијата во Украина да не го прават тоа.

„Сега неколку многу важни зборови за оние кои би можеле да бидат во искушение да се мешаат во настаните што се случуваат: кој ќе се обиде да не попречи, згора на тоа, да создаде закани за нашата земја и народ, треба да знае дека одговорот на Русија ќе биде итен и дека ќе ве доведе до такви последици со кои никогаш не сте се соочиле во вашата историја“, предупреди тој.

Путин рече дека се донесени сите неопходни одлуки и дека се надева дека некој ќе ја слушне неговата порака.

Рускиот претседател рано изутрина донесе одлука за специјална воена операција во Донбас. Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ