Путин потпиша одлука за регрутирање нови 134.000 војници

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша одлука според која напролет во руската армија ќе бидат регрутирани нови 134.000 војници.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека новата регрутација не е поврзана со инвазијата врз Украина.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наведе дека новите регрути нема да бидат испратени во воените жариштата.

– Поголемиот дел од воениот персонал во центрите за обука ќе помине професионална обука во траење од три до пет месеци. Нагласувам, регрутите нема да бидат испратени во жариштето на војната, истакна Шојгу.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Човекот на Трамп драматично ќе го промени американскиот пристап кон војната во Украина

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Лавров: Поставениот масакр во Буча е идентичен со оној во Рачак

Горан Наумовски

Путин: Трамп не е безбеден

Горан Наумовски

Медведев: Крвавиот кловн Зеленски ќе и позавиди на судбината на Виктор Јанукович

Украина до НАТО: Поканете не во Алијансата веќе следната недела