Човекот на Трамп драматично ќе го промени американскиот пристап кон војната во Украина

Од:

Во соопштението на новоизбраниот американски претседател, Трамп му кажа на светот како може да изгледа крајот на украинската војна. Тоа ќе биде, во најмала рака, голем дипломатски предизвик.

„Многу сум задоволен што го номинирав генералот Кит Келог за помошник на претседателот и специјален пратеник за Украина и Русија“, напиша Трамп на својот канал Truth Social и додаде „Заедно ќе обезбедиме МИР ПРЕКУ СИЛА и ќе ги направиме Америка и светот ПОВТОРНО БЕЗБЕДНИ!

Со назначувањето на Кит Келог за свој специјален пратеник за Украина, Доналд Трамп очигледно избрал и многу специфичен, однапред објавен план за најтешкото надворешно-политичко прашање што го очекува, пишува Си-Ен-Ен во анализа.

Келог, 80-годишниот поранешен советник за национална безбедност на Трамп, детално го изложи својот мировен план, пишувајќи за политичкиот институт Америка во април. Во текстот тој ја нарекува војната „криза што може да се избегне, која поради неспособната политика на администрацијата на Бајден ја вовлече Америка во бескрајна војна“.

Накратко, планот за примирје е да се замрзнат линиите на фронтот и да се принудат двете страни да седнат на преговарачка маса.

Би можело да ве интересира

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Лавров: Поставениот масакр во Буча е идентичен со оној во Рачак

Горан Наумовски

Путин: Трамп не е безбеден

Горан Наумовски

Медведев: Крвавиот кловн Зеленски ќе и позавиди на судбината на Виктор Јанукович