Медведев: Крвавиот кловн Зеленски ќе и позавиди на судбината на Виктор Јанукович

Од:

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го предупреди режимот во Киев дека нивното владеење почива на нелегитимност.

„Кога Мајдан повторно ќе се случи во Украина, сегашната нелегитимна влада ќе и позавиди на судбината на поранешниот претседател Виктор Јанукович“, рече Медведев.

– Останува да почекаме и да видиме што ќе направи украинската нелегитимна влада кога народот повторно ќе оди на Мајдан. Тогаш крвавиот кловн (Зеленски) ќе и позавиди на судбината на Виктор Јанукович“, напиша Медведев на социјалните мрежи, пренесе РИА Новости.

Пред 11 години, на 21 ноември 2013 година, на Мајданот во Киев започнаа протести кои доведоа до државен удар. Причина за масовните протести беше тоа што тогашните власти го суспендираа потпишувањето на договорот со Европската Унија.

Јанукович беше сменет од власт и сега живее во Русија, и постојано предупредуваше за мешање на Западот во украинско-рускиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

Човекот на Трамп драматично ќе го промени американскиот пристап кон војната во Украина

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Лавров: Поставениот масакр во Буча е идентичен со оној во Рачак

Горан Наумовски

Украина до НАТО: Поканете не во Алијансата веќе следната недела

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски