Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се обрати на јавноста накратко на телевизија – ова е прво јавно обраќање од петокот.
Путин ја нарече инвазијата на Украина „специјална операција за давање помош на народните републики во Донбас“ и го пофали „херојството“ на руските сили кои се борат во Украина, пренесува АФП.
#BREAKING
Putin salutes 'heroism' of Russian special forces fighting in Ukraine pic.twitter.com/a8KSB2Eyhv— AFP News Agency (@AFP) February 27, 2022
„Посебна почит им оддавам на оние кои херојски ја извршија својата воена должност овие денови за време на специјалната операција за пружање помош на Народна Република Донбас“, изјави Путин, цитиран од Интерфакс.