Рускиот претстедател Владимир Путин викендов ќе го посети Берлин каде ќе има средба со германската канцеларка Ангела Меркел.
-Канцеларката Ангела Меркел ќе биде домаќин на рускиот претседател Владимир Путин во сабота на 18 август, соопшти портпаролот на германската влада, Шефен Зојберт.
Тој не кажа за што ќе разговараат Меркел и Путин, но нагласи дека се работи за „битни нешта поврзани со надворешна политика“.
За РИА новости кажа дека не може да соопшти за што точно ќе се разговара, но меѓу темите ќе бидат сиријскиот конфликт, смирување на ситуацијаа во Источна Украина како и енергетската соработка.