Путин: ОАЕ е една од можните локации за средба со Трамп

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Обединетите Арапски Емирати се една од можните локации за неговата најавена средба со американскиот претседател Доналд Трамп, но дека сè уште не е донесена никаква одлука.

Тој нагласи дека двете страни покажале интерес за самит Русија-САД, додавајќи дека Русија има многу пријатели подготвени да помогнат во организирањето на неговата средба со Трамп.

Путин рече дека не е против средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека таква средба е можна, но дека мора да се создадат услови за таква средба.

„Веќе многу пати реков дека генерално немам ништо против тоа, можно е“, истакна Путин, пренесува РИА Новости.

„Но, за да се случи ова, мора да се создадат одредени услови. За жал, сè уште сме далеку од создавање такви услови“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Иран: Одмазда за братот Наини, горат американските и израелските бази, Трамп ќе има судбина како Садам

Омански министер тврди: Трамп ја изгуби контролата врз надворешната политика