Путин: Нездрави се стравувањата дека Русија ќе го нападне НАТО

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече нездрави стравувањата дека Русија наводно би можела да го нападне НАТО и изрази увереност дека „некои земји“ едноставно профитираат на тие стравови.

„Што се однесува на загриженоста на некои земји во врска со можни агресивни дејствија на Русија,мислам дека само нездрав човек, и тоа на сон, може да си претстави дека Русија наеднаш ќе го нападне НАТО“, изјави рускиот претседател во интервјуто за италијанскиот дневен весник Corriere della Sera, кое беше во саботата објавено на страницата на Кремљ пред посетата на Владимир Путин на Италија.

Путин смета дека некои земји едноставно „профитираат на стравот во однос на Русија“. „Некои сакаат да ја играат улогата на земји од линијата на фронтот, коишто поради тоа е потребно дополнително да бидат помагани: или на воен план, или на економски, финансиски, или на некој друг“, претпоставува Путин.

„Сакам да ви кажам – нема простор за страв од Русија. Светот се промени толку многу што луѓето при здрав ум не можат да си претстават таков воен конфликт со големи размери денес. Ние имаме со што да се занимаваме, ве уверувам“, одговора Путин.

Истакнува дека идејата за наводната руска закана „нема никакви основи“. „Но некој би можел да биде заинтересиран да ги поткрепува таквите стравувања. Можам само да изразам претпоставка“, додаде рускиот челник.

Путин претпоставува, особено, дека „на Американците не многу би сакале зближување на Русија и Европа“.

„Да претпоставиме дека САД сакаат да ја задржат својата водечка улога во атлантската заедница. Ним им е потребна надворешна закана, неопходен им е некој надворешен непријател за тоа да го сочуваат тоа лидерство. Иран, очигледно е недоволен, не е таа опасност, не е толку страшен. Од каде одеднаш кризата во Украина?. Русија е принудена да реагира. Можно е тоа да е специјално направено, јас не знам. Но ние тоа не го правиме“, вели во инаку обемното интервју Путин.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски