Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ниту една железна завеса нема да падне на руската економија и покрај санкциите наметнати од Западот. Русија, еден од најголемите светски производители на природни ресурси, се соочува со најголемата економски удар од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година.
Прашан за можни договори со партнери како Кина и Индија во екот на „затворањето“ на руската економија, Путин на телевизиска средба со младите претприемачи рече дека руската економија ќе остане отворена.
Нема да имаме затворена економија, немавме и нема да ја имаме.Немавме затворена економија – поточно имавме во советско време, кога само се отсековме, ја создадовме таканаречената железна завеса, ние ја создадовме со наши раце, нема да ја повторниме таа грешка“, рече Путин.
Откако големите американски и европски компании и инвеститори ја напуштија Русија, Москва рече дека ќе се фокусира на развивање на сопствената домашна индустрија и развој на партнерства со Кина, Индија и силите на Блискиот Исток во одвраќање од Западот.
„Земја како Русија не може да биде оградена“, додаде Путин.