Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Од:

Во време кога светот, барем номинално, се подготвува за можна преговарачка рамка за војната во Украина, Москва испраќа порака што остава малку простор за компромис: најголемата нуклеарна централа во Европа, нуклеарната централа Запорожје (ЗНПП), „нема да биде вратена никому“ – ниту на Украина, ниту на меѓународната заедница, ниту на Соединетите држави.

Наша е, крај на приказната“, порача официјална Москва, пренесува Политико.

Оваа изјава доаѓа само неколку дена по наводите дека американскиот претседател Доналд Трамп го гледа ЗНПП како клучен енергетски ресурс во рамките на потенцијалниот договор за експлоатација на украинските минерали, кој може да вклучи и стратешко реновирање на електричната инфраструктура на Украина.

Сепак, Кремљ ги дочека ваквите планови со презир.

„Враќањето на електраната во руската нуклеарна индустрија е факт чиј легитимитет меѓународната заедница може само да го препознае“, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Пренесувањето на ЗНПП или контролата врз него на Украина или која било друга земја е невозможно.

ЗНПП се наоѓа во градот Енерходар, во дел од Запорожјската област која е под руска окупација од 2022 година. Постројката, која покриваше речиси една петтина од вкупните потреби на Украина за електрична енергија пред војната, не беше во функција повеќе од две години. Неговото повторно стартување ќе бара сериозна техничка, безбедносна и политичка реконструкција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апсења во Молдавија: Планирале убиства на познати Украинци по наредба на Русија

Најголемата нуклеарна централа во Европа работи на единствениот преостанат надворешен далновод

Путин: Американските санкции врз Куба се неприфатливи

Путин: Ако Европа сака да војува, Русија е веднаш подготвена

(ВИДЕО) Зеленски е лут на Трамп: Не е фер да бара отстапки само од Украина

Катерина Ѓуровски

Силна експлозија во руски град: уништена зграда на воената полиција, има мртви

Катерина Ѓуровски