Рускиот претседател Владмир Путин нареди да се зајакне пограничната контрола меѓу Русија и Украина со цел да се спречи илегален премин на границата.
Официјален Кремљ соопшти дека претседателот на Русија побарал да се преземат сите неопходни мерки за јакнење на државната граница со Украина со цел да се запрат сите илегални премини на границата, пренесува ИТАР-ТАСС.
Западните сили од почетокот на украинската криза се противат на присуството на руските воени сили во близина на украинската граница.
Москва, исто така, нуди помош за сите Руси кои се наоѓаат во Украина и сакаат да се евакуираат од областите зафатени со немири.