Путин нареди воени вежби низ цела Русија со 150.000 војници

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин, нареди одржување воени вежби низ целата држава со учество на околу 150.000 војници.

Министерството за одбрана на Русија нагласува дека маневрите ќе траат до вторник и дека во нив ќе учествуваат 27.000 воени возила, 414 авиони и 106 бродови.

Целта на вежбите е да се обучат војниците да спречат „терористички закани“ на југозападниот дел на Русија и да се подготват за поголемите воени вежби „Кавказ 2020“, што ќе се одржат оваа година, соопшти Министерството. Војниците ќе вежбаат на 35 терени за обука.

Русија го зголеми обемот на воени вежби во претходните години, како резултат на тензиите со Западот.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив