Путин најави проширување на потенцијалот на руската флота на нуклеарни подморници

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин најави проширување на потенцијалот на руската флота на нуклеарни подморници.

Во видео обраќање по повод Денот на руската морнарица, Путин истакна дека поморската компонента на руската нуклеарна тријада добива на сила.

„Таа е заснована на група нуклеарни подморници кои самоуверено го зголемуваат својот потенцијал. Изградбата на крстосувачот „Кнез Пожарски“ е завршена, а две подморници од проектот „Бореј-А“ и шест повеќенаменски нуклеарни подморници од проектот „Јасени-М“ се во различни фази на создавање“, рече Путин, пренесе РИА Новости.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин