Путин му ветил помош на белорускиот претседател Лукашенко

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Русија се согласила да понуди безбедносна помош во случај на надворешни воени закани.
Лукашенко изрази загриженост во врска со воените вежби на НАТО во Полска и Литванија.

Информацијата е во денови кога контроверзниот претседател се соочува со масовни протести околу спорните резултати од изборите на 9 август.

Голем број луѓе се собраа пред државната телевизија синоќа барајќи таа целосно да ги следи протестите.

Протестите треба да продолжат денеска. „Парада на слободата“ е предвидено да се одржи попладнево во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид

Путин најави развој на руската арктичка зона и арктичкиот транспортен коридор

Горан Наумовски