Путин му испрати порака на Трамп во врска со прекинот на огнот

Од:

Кремљ денеска објави дека рускиот претседател Владимир Путин му испратил порака на американскиот колега Доналд Трамп преку специјален пратеник во врска со неговиот предлог за прекин на огнот во Украина.

„Путин доцна во ноќта имаше разговори во Москва со пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, за предлогот за 30-дневен прекин на огнот во Украина“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков рече дека Путин испратил „сигнали“ до Трамп преку Виткоф и дека рускиот лидер бил свесен за американските размислувања за Украина.

„Постојат одредени причини за внимателен оптимизам. Вчера слушнавте многу важна изјава на претседателот Путин, кој одговараше на прашање на новинар. Тој рече дека ја поддржува позицијата на претседателот Трамп за договорот, но покрена неколку прашања на кои треба заеднички да се одговори“, рече портпаролот на Кремљ.

„Значи, сигурно има уште многу работа да се заврши, но генерално, претседателот изрази солидарност со позицијата на г-дин Трамп“, додаде тој.

Песков најави дека Русија и САД ќе работат на организирање телефонски разговор меѓу двајцата претседатели, откако Виткоф го информирал Трамп за разговорот со Путин.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“